Поп-пејачката е повеќе од искрена –  Бракот е само еден лист хартија што сме го потпишале, сме кажале „да“, но тоа потоа нема врска со реалноста. Најважна е секојдневната комуникација со партнерот. Според мене, тогаш тоа е љубов. А разводот, самиот по себе е една неопишано стресна работа. Особено ако имаш две мали деца, како што имам јас – раскажа Тамара

 Кога зборува поп-пејачката Тамара Тодевска за љубовта, а особено кога е муабетот за бракот, верувајте дека е тоа многу искрено. Таа отворено признава дека има неуспешен брак зад себе, но тоа не значи дека е разочарана во бракот како институција.

– Нормално дека сите бракови не се неуспешни, има и многу среќни бракови, па како на кој ќе му се погоди – вели Тамара, според која не сите бракови се такви, има секакви.

Сепак, по разделбата од првиот сопруг, од кошаркарот Александар Димитровски-Мачка, со кого има син и ќерка, таа целосно се смени, во позитивна смисла.  – Конечно, излегов од кафезот што долго ме задушуваше. Живеев како во некоја агонија. Решив да го направам првиот чекор за да излезам од тој кафез и за да им покажам на луѓето дека има решение за сè, само доколку навистина искрено сакате да направите нешто, да се спасите. Сметам дека мојата одлука е исправна. Имав поддршка од родителите, неколкумина пријатели и од неколкумина роднини – зборуваше пејачката за тоа време, кое сега е веќе минато.За втор брак, Тамара ни во лудило не размислува. – Тоа е само еден лист хартија што сме го потпишале, сме кажале „да“, но тоа потоа нема врска со реалноста. Најважна е секојдневната комуникација со партнерот, како и проблемите што умеете да ги решавате заедно. Според мене, тогаш тоа е љубов. По смртта на саканиот, разводот за една жена е најтешкото што треба да го преживее. Колку и да  изгледа вака или онака, целата ситуација е стресна, особено ако имаш две мали деца, како што имам јас – раскажа Тамара неодамна во „Старс шоу“.

На провокативното прашање дали повторно би застанала пред олтар, нејзиниот одговор беше краток, јасен и експлозивен: – О Боже, никогаш повеќе! Зошто да ја направам пак истата грешка, не разбирам зошто? Мојот Лука, со кого сум подолго време во одлична интимна врска, добро знае дека не смее да го направи тоа да ме побара за сопруга. И пак ќе повторам дека само љубовта е таа што е поважна од тој еден лист хартија. Мислам дека добро ме разбравте. Вљубената двојка неодамна објави и разбирлива срцепарателна порака, поткрепена со соодветна фотографија на која не ги крие бакнежите од љубопитните, а по повод роденденот на Тамара и нејзиниот нов албум, „Кукла жива“: „Се радуваме секој момент, благодарни сме за сè. Се сакаме најмногу на свет!“ (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ