четврток, октомври 1, 2026
Дома СВЕТ Советот на Европа конечно ги усвои новите правила за враќање на мигрантите...

Советот на Европа конечно ги усвои новите правила за враќање на мигрантите – Ќе стапат во сила во наредните недели

27
EPA/OLIVIER HOSLET

Новите правила за мигрантите во ЕУ кои овозможуваат нивно поефикасно враќање, ќе стапат во сила во наредните недели, откако денеска Советот на Европа конечно ги одобри.

Новите правила утврдуваат процедури за враќање на луѓето кои немаат право на престој во ЕУ, кои важат низ целата Унија, а вклучуваат и построги правила за враќање на оние кои претставуваат безбедносна закана. Тие правила отвораат можност да се воспостават центри за враќање во земји надвор од ЕУ.

Околу две од секои три лица на кои им е наложено да ја напуштат ЕУ, всушност не заминуваат. Ревидираните правила за враќање усвоени вчера ќе им помогнат на земјите-членки ефективно да спроведат брзи враќања. Така, нигрантите кои нема да напуштат земја на ЕУ ќе бидат санкционирани, меѓу другото со намалување на бенефициите и надоместоците доделени согласно националното законодавство, одбивање на стимулациите наменети за поттикнување доброволно враќање, финансиски казни, па дури и кривични санкции, доколку тие се предвидени со националното законодавство.

Миграните без право на престој ќе се упатуваат во центри за враќање основани во земји кои не се од ЕУ, за што ќе се склучуват посебно договори и аранжмани со земјите. Од ваквите договори се исклучени малолетниците без придружба.

ИЗДВОЕНИ