четврток, јули 2, 2026
Дома СВЕТ СЗО прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола

СЗО прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола

25

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи вонредна состојба за јавно здравје од меѓународна загриженост поради епидемијата на ебола.

Нова епидемија на ебола во Демократска Република Конго одзеде 80 животи, а има 246 сомнителни случаи, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Вирусот се прошири и во Уганда.

Генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека постојат значителни неизвесности околу вистинскиот број на заразени лица и географското ширење на епидемијата.

Сепак, СЗО соопшти дека епидемијата не ги исполнува критериумите за пандемиска вонредна состојба, објави Ројтерс.

СЗО потсети дека сегашниот сој на ебола е предизвикан од вирусот Бундибугио, за кој нема одобрени лекови или вакцини.

Министерот за здравство на Конго, Самуел-Роге Камба, изјави дека земјата е погодена од многу смртоносен сој на ебола за кој нема вакцина.

СЗО соопшти дека досега со лабораториско тестирање се потврдени осум случаи на вирусот, додека други сомнителни случаи и смртни случаи се регистрирани во три здравствени зони, вклучувајќи ја Бунија, главниот град на покраината Итури, и рударските градови Монгвалу и Рвампара, објави Срна.

Уганданските власти соопштија дека 59-годишен маж кој почина во четврток, 14 мај, бил позитивен на вирусот.

Земјите што граничат со Конго се сметаат за високоризични за понатамошно ширење поради движењето на населението, трговијата и патувањата.

ИЗДВОЕНИ