четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ СЗО: Нема причина за паника поради новиот сој на коронавирусот – цикада

СЗО: Нема причина за паника поради новиот сој на коронавирусот – цикада

302

Новиот сој на коронавирус, кој во дел од медиумите веќе се нарекува „цикада“, според официјалните здравствени процени засега не ја потврдува драмата што ја сугерираат сензационалистички наслови во медиумите.

Се работи за варијантата БА.3.2, која Светската здравствена организација ја води како „варијанта под мониторинг“, а не како варијанта што во овој момент носи дополнителен јавноздравствен ризик во однос на другите што веќе циркулираат.

Причината поради која БА.3.2 го привлекува вниманието е тоа што носи значителни мутации. Светската здравствена организација наведува дека кај оваа варијанта е забележана намалена неутрализација со антитела, но истовремено нагласува дека и натаму се очекува постојните вакцини да штитат од тешка форма на болеста. Во истата процена стои и дека досегашните податоци не покажуваат зголемена тежина на болеста, повеќе хоспитализации или повеќе смртни исходи поврзани со БА.3.2.

ИЗДВОЕНИ