Познатиот кошаркар, Лука Дончиќ, и Анамарија Голтес се разделија. Свршувачката е откажана и  сега комуницираат исклучиво преку адвокати. Но, како што стојат работите, таа нема да може да бара дел од неговото богатство, туку само алиментација. Барем така тврдат американските и словенечките медиуми.

– Бидејќи двојката, која се сврши во 2023 година, не беше во брак, Анамарија нема право на дел од неговото големо богатство. Таа може да бара само алиментација, чија висина ќе ја утврди судот. Во меѓувреме, Лука доби привремена забрана од суд во Словенија за да воспостави контакт со своите ќерки – објавуваат тамошните медиуми.

Правната битка ќе се води на два континенти. Едниот ќе биде во Словенија, а другиот во Калифорнија. Се чини дека сè ќе мора да се реши исклучиво на суд, а не мирно. Која е причината за раскинувањето? Се шпекулира и за прељуба на Лука, но засега ништо не е потврдено.

За да се избегнат понатамошни шпекулации, тој прати кратко соопштение во кое потврди дека двајцата ја раскинале свршувачката и дека е во тек битка за старателството над нивните ќерки, Габриела и Оливија.

  • Ги сакам моите ќерки повеќе од сè и правам сè што можам за да ги имам до мене во Америка, во текот на сезоната. Тоа не беше можно, па затоа донесов тешка одлука да ја прекинам свршувачката. Сè што правам, правам за среќата на моите ќерки и секогаш ќе се борам да бидам со нив и да им го овозможам најдобриот можен живот – рече Дончиќ.

Дончиќ дојде во Далас од Реал Мадрид и пристигна во НБА во сезоната 2018/2019. Тој помина шест години со Мавс, сè додека не беше продаден во Лос Анџелес Лејкерс. Досега има заработено 152.668.811 долари во својата НБА-кариера, не сметајќи ја тековната сезона.

Оваа сезона ќе инкасира уште 45.999.660 долари, следната сезона 51.033.600 долари, а во сезоната 2027/2028 – 55.116.288 долари. За сезоната 2028/2029, во неговиот договор има опција за играч, со која ќе добие 59.198.976 долари. Опцијата за играч значи дека има можност сам да го раскине договорот.

 

ИЗДВОЕНИ