четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Aвтомобил се заби во синагога во Мичиген: Возачот почнал да пука, полицијата...

Aвтомобил се заби во синагога во Мичиген: Возачот почнал да пука, полицијата го неутрализирала/ВИДЕО

116

Вооружен напаѓач е убиен откако со автомобилот се забил во синагога во пошироката област на Детроит, потврдил полицаец за CNN.

Канцеларијата на шерифот на округот Оукленд им кажала на новинарите дека обезбедувањето на синагогата го забележало осомничениот додека се приближувал и размениле оган со него.

Шерифот додаде дека училиштата во областа се евакуирани и дека жителите се повикани да се засолнат.

Инцидентот се случил во синагогата „Темпл Израел“ во Вест Блумфилд, објави NBC News.

Фотографиите на социјалните мрежи покажаа чад како се издига од покривот на зградата.

Еврејската федерација на Детроит соопшти дека е свесна за безбедносниот инцидент во синагогата и дека еврејските институции во областа вовеле привремена блокада како мерка на претпазливост.

Десетици полициски и итни возила од повеќе градови во округот Оукленд реагирале на местото на настанот, вклучувајќи ја државната полиција и полициските одделенија Вест Блумфилд, Фармингтон Хилс, Клосон, Обрн Хилс, Бирмингем и Плезент Риџ.

Портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Оукленд, Стивен Хубер, изјавил дека полицијата во моментов ја пребарува зградата, но не дал дополнителни детали.

Гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер, изјави дека ги следи извештаите за пукањето во синагогата и дека властите соработуваат со државната полиција на Мичиген за да соберат повеќе информации. „Антисемитизмот и насилството немаат место во Мичиген“, рече Витмер во објава на социјалните мрежи.

ИЗДВОЕНИ