петок, октомври 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА СВР Скопје презеде мерки против возач кој го попречувал сообраќајот во Скопје/видео

СВР Скопје презеде мерки против возач кој го попречувал сообраќајот во Скопје/видео

25
Фото:принтскрин, видео фб

СВР Скопје презеде мерки против возач кој со своето возило вчера, 7.10.2026 година го попречувал нормалното одвивање на сообраќајот на крстосницата на улицата „Васил Војвода Чакаларов“ во Скопје.

Денеска, 8.10.2026 година, во СВР Скопје, повикано е лицето Ш.А., сопственик на патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, поради настан од 07.10.2026 година, кога со наведеното возило го попречувал нормалното одвивање на сообраќајот на крстосницата на ул. „Васил Војвода Чакаларов“ во Скопје, сооптија надлежните.

Настанот беше објавен и на социјалните мрежи.

Од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, преземени се соодветни мерки кон лицето.

ИЗДВОЕНИ