недела, февруари 22, 2026
Дома СКОПСКА  Свежо цвеќе во чест на борците што ги дадоа животите за слободата

 Свежо цвеќе во чест на борците што ги дадоа животите за слободата

113

По повод одбележувањето на 80 години од ослободувањето на Скопје, делегација од Град Скопје и собраниската делегација, во состав: Дијана Илиевска, Славјанка Петровска и Даниела Белимова, денеска во 11:30 часот положија свежо цвеќе пред споменикот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, како и на партизанските гробишта во Бутел.

Во 12:30 часот, делегации од Владата, од Собранието, од Градскиот одбор на Сојузот на борци – Скопје…, положија свежо цвеќе и пред споменикот на ослободителите на град Скопје пред Владата.

Во 19 часот ќе се одржи свечена академија во Македонската филхармонија, на која ќе бидат доделени 13-то Ноемвриските награди.

Фото: (П.С.)

ИЗДВОЕНИ