недела, октомври 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ОЈО поведе истрага: Скопјанец дома криел цел арсенал – пронајдени оружје, експлозив...

ОЈО поведе истрага: Скопјанец дома криел цел арсенал – пронајдени оружје, експлозив и муниција

21

Поголемо количество оружје, муниција, експлозив и дрога е пронајдено при претрес во домот на 33-годишен скопјанец, по што Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против него. Меѓу запленетото се рачна бомба со шрапнелско дејство, стотици куршуми и два пиштоли, како и марихуана.

– При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја што им е забранета на граѓаните – една рачна бомба „М75“ со имплементирани метални кугли со дијаметар од околу 2 мм со шрапнелско дејство, вкупно 240 куршуми со различен калибар, пиштол марка „црвена застава“ со калибар 7.65 мм, со една рамка со седум куршуми, пиштол марка „берета“, со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана.

Особено внимание во истрагата предизвикува и пронајдениот клуч од мотор за кој полицијата има оперативни сознанија дека бил користен при извршување убиство. Обвинителството оценило дека постојат околности поради кои осомничениот би можел да избега или да продолжи со вршењето кривични дела, па побарало од Судот да му биде определен притвор.

ИЗДВОЕНИ