недела, август 9, 2026
Дома СВЕТ Судирот Санчес – Мелони ги враќа границите во ЕУ и им создава...

Судирот Санчес – Мелони ги враќа границите во ЕУ и им создава главоболки на туристите

1
epa10559553 Italian Prime Minister Giorgia Meloni (R) welcomes Spanish Prime Minister Pedro Sanchez (L) to Palazzo Chigi in Rome, Italy, 05 April 2023. EPA/RICCARDO ANTIMIANI

Луѓето што патуваат меѓу Шпанија и Италија се заглавени во средината на ескалацијата на идеолошката расправија околу безбедноста на европските граници, во која се вклучени италијанската премиерка, Џорџа Мелони, и шпанскиот премиер, Педро Санчес. Мадрид во саботата ги врати граничните контроли на бродовите и на летовите што пристигнуваат во Шпанија од италијанските пристаништа и аеродроми, откако претходно тоа го направи Италија со образложение дека мигрантите што навалија на Сеута може да се рашират низ ЕУ. Обновените контроли би можеле да ги натераат патниците да ги преиспитаат патувањата меѓу двете земји и да ги направат другите европски дестинации ненамерни корисници од идеолошката битка што се одвива во редиците за пасоши

Идеолошката битка меѓу Шпанија и Италија околу миграциската политика се прелева во редици за пасоши и ја разоткрива кревкоста на зоната за слободно патување во Европа, пишува бриселски „Политико“.

Мадрид во саботата ги врати граничните контроли на бродовите и на летовите што пристигнуваат во Шпанија од италијанските пристаништа и аеродроми, суспендирајќи го патувањето без пасош меѓу двете земји, како потег неопходен за да се заштитат граѓаните од „постојаниот притисок врз нерегуларната миграција што го трпи трансалпската земја“. Овој потег беше несомнена одмазда за проверките што ги воведе Италија за патниците што пристигнуваат од Шпанија од 1 август.

Рим ги донесе овие мерки како одговор на масовното пристигнување луѓе во шпанската енклава Сеута, наведувајќи ги стравувањата дека мигрантите би можеле да го преминат Гибралтарскиот Проток и да ја искористат Шенген-зоната за да патуваат без пасош понатаму кон Италија и на други места во ЕУ. Мадрид енергично се спротивстави на тоа објаснување и забележа дека мигрантите не можеле да ја напуштат северноафриканската територија бидејќи немаат важечки лични карти потребни за патување со ферибот до континентална Европа и најави реципрочни мерки. Шпанските власти и Европската комисија оваа недела потврдија дека ниту еден од 72.000 луѓе што се упатија кон Сеута не го преминал Гибралтарскиот Проток.

Мерките „око за око“, всушност, ја симболизираат пошироката расправија меѓу Мелони и Санчез околу миграциската политика. Десничарската премиерка на Италија го изгради својот политички бренд како противник на миграцијата и предводеше обид ЕУ да усвои построги гранични контроли. Нејзиниот социјалистички колега во Мадрид, во меѓувреме, зазеде дијаметрално спротивен пристап, тврдејќи дека блокот треба да прими повеќе странски работници за да остане економски конкурентен и за да спречи демографски колапс. Мелони го критикуваше Мадрид откако претходно оваа година претстави шема за доделување легален статус на повеќе од еден милион мигранти и повика на дебата за последиците од мерката во текот на состанокот на европските лидери минатиот месе

Сега, како што се одвиваше кризата во Сеута, Мелони го предводеше составувањето писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во кое 22 лидери на ЕУ тврдеа дека миграциската политика на Мадрид ја поткопала безбедноста на надворешните граници на блокот. Мадрид енергично ги отфрли обвинувањата на Италија и истакна дека ниту еден од мигрантите што влегоа во Сеута не можел да има корист од шемата за легален статус, која е предмет на специфични квалификациски услови.
Со повторното воведување на граничните контроли, Италија и Шпанија ја истакнаа кревкоста на Шенген-зоната, која постои од 1995 година и сега се протега на 29 европски земји. Според сегашните правила, на секоја земја членка ѝ е дозволено повторно да воведе проверки за почетен период до шест месеци за да се справи со безбедносните закани. Мерките можат да се обноват за шестмесечни периоди до две години, а во исклучителни околности – и до три години. Малкумина очекуваат расправијата меѓу Рим и Мадрид да трае толку долго, но во меѓувреме оние што патуваат меѓу двете земји ќе мора да ја издржат непријатноста што произлегува од тоа.

Во текот на целата недела, патниците на летовите што тргнуваат од шпанските аеродроми се жалеа за контролата со која се соочија по пристигнувањето во Италија, при што патниците пријавуваа значително доцнење додека италијанските карабинери ги проверуваа нивните лични карти. Од саботата и патниците на италијанските летови што пристигнуваат во Шпанија се подложени на слични контроли, при што националната полиција ги задржува патниците што не можат да обезбедат официјална идентификација.

Околу 3,2 милиони Шпанци патуваа во Италија во 2024 година, а 5,4 милиони Италијанци ја посетија Шпанија. Обновените контроли би можеле да ги натераат патниците да ги преиспитаат патувањата меѓу двете земји и да ги направат другите европски дестинации ненамерни корисници од идеолошката битка што се одвива во редиците за пасоши.

ИЗДВОЕНИ