четврток, ноември 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Студот полека ја презема контролата! Временски пресврт за викендот – утрински мразеви...

Студот полека ја презема контролата! Временски пресврт за викендот – утрински мразеви и магла

26

Македонија влегува во период на стабилно, но есенски студено време кое најавува дека подготвителната фаза за поладните денови е во полн ек.

Денеска нè очекува променливо облачно време, при што во источните делови ќе има услови за слаб, локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој дополнително ќе ја засили свежината во воздухот. Слични временски прилики ќе го зафатат и Скопје со променлива облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Вистинската промена ни доаѓа за време на викендот. До недела синоптичарите најавуваат стабилно време со сончеви периоди во текот на денот, но со значително пониски температури. Раните утрински часови ширум земјава носат вистински шок – живата во термометрите на места ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини се очекува појава на густа утринска магла.

Според актуелните прогнози, стабилниот период нема да трае долго. Веќе на почетокот од следната седмица атмосферата повторно ќе се дестабилизира, па повторно ќе има услови за слаб локален дожд.

ИЗДВОЕНИ