Студија на Кралскиот колеџ во Лондон: Гледањето уметнички дела го подобрува здравјето – ама само ако станува збор за оригинали

56
Фото:пекселс
Исттажувачите ги мереле реакциите на учеснците додека во галерија гледале ремек-дела на светски познати уметници, вклучувајќи ги Едуард Мане, Винсент ван Гог и Пол Гоген и откриле дека уметноста позитивно влијае на имунолошкиот, хормоскиот и нервниот систем истовремено, што никогаш претходно не е забележано, пренесува „Гардијан“.
Наодите од истражувањата укажале дека гледањето оригинална уметност не само што емотивно ги активира луѓето, туку и го смирува телото и ја подобрува општата состојба на организмот.
Студијата опфатила 50 лица на возраст меѓу 18 и 40 години во Велика Британија, од кои половината гледале оригинални уметнички дела во галеријата „Кортолд“ во Лондон, додека другата половина гледале копии на истите слики во опкружување кое не галериско. Двете групи носеле сензори кои континуирано ги мереле нивните срцебиења и температурата на кожата во текот на 20-минутна сесија, а примероци од плунка им биле земани пре и по гледањето.
Од тие примероци истражувачите откриле дека нивоата на хормонот на стрес кортизолот паднале во просек 22 отсто кај оние кои гледале оригинални уметнички дема, во споредба со само 8 отсто кај оние кои гледале репродукции.
Проинфламаторните цитокини поврзани со стресот и бројните хормонски болести паднале на 30 отсто односно 28 остсто кај групата која била во галерија, додека во другата група не е забележана промена, што укажува на тоа дека уметноста има потенцијално смирувачко дејство на воспалителните реакции на телото.
Како што се наведува, гледањето оригинални уметнички дела влијаело врз падот на температурата на кожата, поголем број на срцебиења и промени во обрасците на срцебиењата.
Истражувачот Тони Вудс од Кралскиот колеџ во Лондон објаснил дека студијата јасно покажува како стресот се намалува при гледање оригинална уметност.
„Хормоните на стрес и воспалителните маркери како што се кортизол, IL-6 и TNF-алфа се поврзани со широк спектар на здравствени проблеми, од срцеви заболувања и дијабетес до анксиозност и депресија. Фактот дека гледањето оригинална уметност ги намали овие маркери сугерира дека културните искуства можат да играат голема улога во заштитата и на умот и на телото“, рече Вудс.

Во исто време, истражувањата покажаа дека уметноста го стимулира имунолошкиот систем, нервниот систем и ендокриниот систем, кој е одговорен за ослободување на хормони.

„Од научна перспектива, највозбудливото откритие е дека уметноста имала позитивно влијание врз три различни телесни системи – имунолошкиот, ендокриниот и автономниот систем. Ова е единствено откритие и нешто што навистина нè изненади. Накратко, нашата единствена и оригинална студија дава убедливи докази дека гледањето уметност во галерија е добро за вас и ни помага подобро да ги разбереме нејзините фундаментални придобивки. Во суштина, уметноста не само што нè движи емоционално – таа го смирува и телото“, заклучи Вудс.

ИЗДВОЕНИ