Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, викендов ќе ја вози третата трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, на патеката „Рампа да Фалепра“ во португалска Брага.
По првите две трки во шампионатот, тој се наоѓа на третото место во генералниот пласман.
- Со голема возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Патеката „Рампа да Фалпера“ добро ја познавам. Двапати бев на подиумот, и тоа на првата позиција. Моите очекувања и овој пат се слични: да триумфираме. Би сакал да истакнам дека ова е патека на која брзината на некои делови надминува и повеќе од 240 км на час, што е голем предизвик за сите натпреварувачи. И пред оваа трка, би сакал да им се заблагодарам на мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, моите спонзори и, секако, на сите вас што ми давате безрезервна поддршка – вели Иџе.