вторник, август 18, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Становите во Скопје поскапи за 13,3 отсто

Становите во Скопје поскапи за 13,3 отсто

148

Цените на становите во Скопје продолжуваат да растат, но со помало темпо во однос на почетокот на годината, покажуваат податоците на Народната банка.

Според овие податоци, во вториот квартал цените на недвижностите се зголемиле за 13,3% на годишно ниво.

На квартална основа, цените на недвижностите забележаа пораст од 5,5 %.

Во првиот квартал од годинава, порастот на цените на недвижностите изнесуваше 16,6 %.

Индексот на цени на станови, кој се однесува единствено на територијата на градот Скопје и се пресметува врз основа на огласени, а не реализирани цени за продажба на станови, во вториот квартал од 2026 година бележи пораст.

ИЗДВОЕНИ