петок, јули 3, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Порастот на платите е три до четири пати поголем од времето на...

Порастот на платите е три до четири пати поголем од времето на СДСМ

6

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција ги отфрли критиките на СДСМ дека Владата не обезбедува доволно брз пораст на платите, оценувајќи дека актуелните резултати се значително подобри во споредба со претходниот владин мандат.

Тој истакна дека споредбите треба да се прават врз основа на конкретни економски показатели, а не, како што рече, „по чувство“.

„Во времето на претходната влада на СДСМ и ДУИ, реалната нето-плата беше во негативна зона. Денес, во 2024 и 2025 година, а очекувам така да биде и во 2026 година, реалната нето-плата бележи пораст. Во 2024 година зголемувањето беше над 12 проценти, а во 2025 околу шест проценти“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека тоа, според него, претставува резултати кои се три до четири пати подобри од оние во минатото, но призна дека има простор за дополнително зголемување на платите.

Во своето обраќање тој посочи дека Владата се соочува и со големи финансиски обврски наследени од претходната власт. Според неговите зборови, во изминатите две години биле сервисирани обврски во висина од 4,6 милијарди евра, а до крајот на годинава остануваат уште околу една милијарда евра за отплата.

Мицкоски нагласи дека и во наредните години државата ќе има значителни обврски по основ на еврообврзници и камати, но дека Владата работи на долгорочен план за обезбедување финансиска стабилност до 2030 година.

ИЗДВОЕНИ