понеделник, јуни 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА  Општина Кавадарци воведе дигитален асистент

 Општина Кавадарци воведе дигитален асистент

49

Свесна за динамиката на современото време, Општина Кавадарци продолжува со дигиталната трансформација на своите услуги.

Од денеска, на официјалната веб-страница на Општината е достапен нов дигитален асистент базиран на вештачката интелигенција, создаден за да ја олесни комуникацијата меѓу општината и граѓаните.

– Овој сервис овозможува брз и едноставен пристап до информации поврзани со административните постапки, општинските услуги, проектите и тековните активности, без чекање и без временско ограничување. Со воведувањето на дигиталниот асистент, Општина Кавадарци прави уште еден чекор кон помодерна, потранспарентна и поефикасна локална самоуправа, достапна за своите граѓани во секое време – велат од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека овој AИ-сервис е резултат на успешната соработка помеѓу ИТ-одделението на Општина Кавадарци и компанијата „Тивиус “, со која е склучен донаторски договор за развој и имплементација на оваа современа алатка.

– Продолжуваме да инвестираме во дигитални решенија што го подобруваат квалитетот на услугите и придонесуваат за создавање модерна европска општина по мера на сите граѓани – потенцираат од Општината.

 

ИЗДВОЕНИ