понеделник, септември 14, 2026
Дома СВЕТ „СПД“: Учеството во владата не зависи од тоа дали Мерц ќе остане...

„СПД“: Учеството во владата не зависи од тоа дали Мерц ќе остане канцелар

0
Фото: EPA/CLEMENS BILAN

Високи претставници на германската Социјалдемократска партија (SPD) денеска изразија зголемена загриженост поради превирањата во конзервативната Христијанско-демократска унија (CDU) – предводена од канцеларот Фридрих Мерц – истакнувајќи дека учеството на „СПД“ во владејачката коалиција не зависи од тоа дали тој ќе остане на функцијата канцелар.

Дирк Визе, шеф на пратеничката група на „СПД“ во Бундестагот, забележа дека се чини оти „во „ЦДУ“ владее нервоза“ и го повика коалицискиот партнер повторно да се фокусира на тековните задачи и да ги спроведе реформите договорени од владата.

На прашањето дали тие реформи мора нужно да се спроведат додека Мерц е канцелар, Визе избегна да даде конкретен одговор, наведувајќи наместо тоа дека Мерц треба да го промени тонот на својата политичка комуникација, објави „Дојче веле“ (DW), пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ