вторник, јуни 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сопругот и починал, таа продолжила да му ја празни банкарската сметка

Сопругот и починал, таа продолжила да му ја празни банкарската сметка

110

Министерство за внатрешни работи соопшти дека Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против 54-годишната Р.С. од Делчево поради сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Според полицијата, на 23 декември 2025 година пријавената ги искористила податоците и полномошното на нејзиниот починат сопруг, при што со дебитна картичка подигнала готовина од банкомат и извршила други плаќања.

Следниот ден, како што наведуваат од МВР, таа ги довела во заблуда вработените во банка, не кажувајќи дека сопругот е починат, по што со полномошното подигнала дополнителни средства и на шалтер.

Од полицијата информираат дека против неа е поднесена соодветна кривична пријава.

ИЗДВОЕНИ