Жена за која се сомнева дека е заразена со ебола е хоспитализирана во Горна Австрија откако била примена во болница со симптоми карактеристични за оваа опасна болест.
Пациентката се вратила од Уганда само два дена претходно, каде што неодамна биле регистрирани случаи на инфекција, поради што австриските здравствени власти веднаш реагирале и ја ставиле во строга изолација, објавува австрискиот „Хојте“.
Првиот примерок од крв покажал негативен резултат за вирусот ебола, но случајот сè уште не е затворен. Според процедурите на австриските здравствени служби, неопходен е втор тест за сигурно да се исклучи можноста за инфекција.
Жената останува на болничко лекување во изолација додека не бидат достапни конечните резултати.
Австриските власти објавија дека пациентката ќе биде префрлена во специјализирана клиника во Виена во наредните часови со специјален медицински транспорт.
Во исто време, започнато е следење на сите луѓе кои биле во контакт со неа откако се вратиле од Уганда.












