недела, јули 12, 2026
Дома КУЛТУРА Овации за Дина Јашари и „Растенија без корен“ во Белград

Овации за Дина Јашари и „Растенија без корен“ во Белград

89

Со овации, трчање во три круга околу бината и силен емотивен прием од белградската публика, македонската кантавторка Дина Јашари го одбележа настапот на платото пред Музејот на Југославија во Белград, како дел од 9. издание на манифестацијата „Лето у музеју“ по повод Денот на младоста.

Настапот се одржа точно една година по објавувањето на нејзиниот деби албум „Растенија без корен“, а Дина симболично го одбележа моментот со трчање три круга околу бината – гест инспириран од традицијата на Денот на младоста и штафетата, по што следуваа долги овации од публиката.

Во рамки на програмата настапија и хрватскиот состав „Немечек“ и српскиот бенд „Љубичице“ – тројца добитници на регионалната награда „Милан Младеновиќ“, која Дина Јашари ја освои во 2022 година со песната „Дома“. Концертната вечер донесе силна регионална поврзаност и современ музички израз пред неколку илјади посетители на платото пред музејот.

Белградскиот концерт беше дел од регионалната турнеја на „Растенија без корен“, која претходно помина низ Љубљана и Подгорица, а продолжува и во Хрватска во рамки на фестивалот СУРФ на островот Крк.

Фото: Страхиња Аќимовиќ

ИЗДВОЕНИ