четврток, септември 17, 2026
Дома МАГАЗИН Софија Маневa со новата песна „Лигав тип“

Софија Маневa со новата песна „Лигав тип“

1

Поп-пејачката Софија Маневa со новата песна „Лигав тип“….Секси, брутално и атрактивно со жешка визуелна приказна. Автор на песната е Перо Манев, таткото на Софија, кој стои зад музичката приказна на „Лигав тип“. За снименото видео се погрижи режисерот Даниел Јовески. Проектот е реализиран со многу напорна работа. За Софија претставува нов чекор во нејзината музичка кариера

Атрактивната и згодна поп-пејачка Софија Маневa, објавува нова песна „Лигав тип“, со цел да стане хит. И веројатно тоа и ќе биде. Освен што има ултрамодерен звук, песната е збогатена и со високобуџетен видеоспот.

Спотот е реализиран во голема продукција со бројни статисти и модели. Со „Лигав тип“, Софија носи освежена енергија, модерен пристап и визуелно атрактивна приказна. Во спотот, Софија блеска во неколку различни модни комбинации, кои изгледаат светски, модерно и секси, дополнително нагласувајќи ја нејзината сексапилност.

Автор на песната е Перо Манев, таткото на Софија, кој стои зад музичката приказна на „Лигав тип“. За визуелниот дел се погрижи режисерот Даниел Јовески, кој го потпишува видеоспотот. Проектот е реализиран со многу внимание, знаење и напорна работа. За самата Софија претставува нов чекор во нејзината музичка кариера и најава за есенскиот период, во кој планира уште посериозно да се посвети на музиката.

– Во „Лигав тип” вложивме многу професионална работа и едвај чекам публиката да види и да слушне колку добро го сработивме сето тоа. За мене ова е само почеток. Во изминатите години имав можност да бидам присутна на македонската музичка сцена, но сега доаѓа другиот дел кога уште посериозно се посветувам на создавање нова музика, нови песни, нови проекти. Имам многу идеи и планови кои допрва ќе ги реализирам. Верувам дека публиката ќе ја препознае мојата желба за пеење и присуство на естрадата. Најдоброто од мене допрва доаѓа. Во тоа спаѓа и оваа песна „Лигав тип“, вели распеаната Софија Маневa.

Впрочем, со „Лигав тип“, Маневa отвора ново поглавје во својата музичка кариера. Нејзината цел е преку квалитетни и певливи песни, со атрактивни спотови, да продолжи да го гради својот специфичен музички правец.  (Д. М.)

ИЗДВОЕНИ