четврток, септември 17, 2026
Дома МАГАЗИН Каролина ѝ посака одличен пласман на Ана на детската Евровизија на Малта

Каролина ѝ посака одличен пласман на Ана на детската Евровизија на Малта

2

За време на еден неодамнешен настап во Тетово, популарната пејачка Каролина Гочева неочекувано се сретна со нашата идна претставничка на детската Песна на Евровизија, со талентираната Ана Стојаноска.

Евровизискиот детски фестивал ќе се одржи во декември, на островот Малта. И Каролина има добри искуства од Песна на Евровизија, на која двапати настапи за Македонија, со песните „Од нас зависи“ и „Мојот свет“.

Таа ѝ ги раскажа своите евровизиски искуства на Ана, и истовремено ѝ даде многу корисни совети. Секако дека Ана беше бесконечно среќна, па посака да си има заедничка фотографија со Каролина.  (Д. М.)

 

 

ИЗДВОЕНИ