вторник, октомври 13, 2026
Дома СКОПСКА Со Инклузивен саем одбележан Меѓународниот ден на белиот стап во Илинден

Со Инклузивен саем одбележан Меѓународниот ден на белиот стап во Илинден

16

Во пресрет на Меѓународниот ден на белиот стап во Општина Илинден се одржа Инклузивен саем под мотото „Допри. Слушни. Почувствувај. Разбери“.

-Настанот беше организиран во соработка со ООУ „Гоце Делчев“ и Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“, со цел подигнување на јавната свест за лицата со оштетен вид, поттикнување на инклузијата и промовирање на еднаквите можности – соопштија од Општина Илинден.

Оттаму додаваат дека во рамки на саемот биле поставени тематски штандови, преку кои посетителите ималеа можност да се запознаат со Брајовото писмо, тактилните наставни материјали, асистивната технологија, адаптираните игри и спортски активности, како и со значењето на белиот стап како симбол на самостојноста и мобилноста на лицата со оштетен вид.

-Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со директорите на двете училишта, ги посети изложбените штандови и се запозна со наставните методи, современите помагала и активностите преку кои се поттикнува самостојноста и активното вклучување на лицата со оштетен вид во секојдневниот живот – наведуваат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ