Нередовното превенирање и посета на физиотерапевт и занемарувањето на симптомите со болка се причините за да напредува оваа состојба и за да стане поалармантна, со почести симптоми и проблеми кај пациентите
Спондилозата станува постојана дијагноза и состојба како кај повозрасните така и кај помладите генерации.
Постојаното седење, мобилната телефонија и слабата физичка активност се причини за дегенеративните состојби со ‘рбетот и за појава токму на оваа болест.
Нередовното превенирање и посета на физиотерапевт и занемарувањето на симптомите со болка се причините за да напредува оваа состојба и за да стане поалармантна, со почести симптоми и проблеми кај пациентите.
Освен појавата на болка, вкочанетост во вратот, ограничено движење, може да се јават дополнителни тегоби и со вртоглавица, која не секогаш потекнува од внатрешното уво, најчесто состојбата се поврзува со причината за појава на спондилоза, која може да биде поврзана со вратниот ‘рбет и со мускулите во пределот на вратот.

Цервикогената вртоглавица може да се манифестира со: чувство на нестабилност или занесување, вртоглавица при движење на главата, болка, вкочанетост или ограничена подвижност на вратот, крцкање и болки.
Правилната процена е првиот чекор кон правилен преглед и третман со посета на физиотерапевт.
Потоа следува: РТГ или магнет-наод или дополнителни испитувања што ќе ги даде физиотерапевтот.
Доколку е поврзана вртоглавицата со проблеми во цервикалната регија, физикалната терапија е клучниот начин на лекување и ќе бидат дадени насоки за започнување со третман и лекување на ваквата состојба.
Од големоо значење е дека физикалната терапија е перманентно решение за лекување токму на ваквата состојба и може да биде дел од решението и од пристапот кон симптомите во борбата со спондилозата и со вртоглавицата.
Бројот на третмани за лекување на ваквата состојба најчесто трае од 15 до 21 ден, но физиотерапевтот може да даде мислење лекувањето да трае и во подолг временски период, сè со цел да се постигнат резултати во лекувањето на ваквата состојба.
(Авторот е специјалист по здравствен фитнес, ординација за физикална терапија „Физиотерапевт – здравје“, Гостивар)












