среда, февруари 4, 2026
Дома ЕКО Со чистење на скопскиот Аквадукт, почна тридневната еколошка акција „Генералка викенд“

Со чистење на скопскиот Аквадукт, почна тридневната еколошка акција „Генералка викенд“

253

Со чистење на скопскиот Аквадукт, почна тридневната еколошка акција „Генералка викенд“. Министри, градоначалници, шефицата на државата, амбасадори и волонтери даваат поддршка за спроведување на „Генералка викенд 2025“.

– Денес сме кај Скопскиот Аквадукт, заедно со претседателот на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, вицепремиерот Изет Меџити, колегата Висар Ганиу, Амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерката за образование Весна Јаневска и стотици волонтери, за да дадеме поддршка и да спроведеме една мошне важна и значајна иницијатива – ГЕНЕРАЛКА ЊЕЕКЕНД 2025. Се работи за национална акција за чистење што ја организира „МЕН ЕНД МАУНТЕН“ и зад која веднаш застанав како Претседател на ЗЕЛС, како градоначалник и како човек на кој му е важна чистата животна средина – истакна градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој повикува сите да дадеме целосна поддршка.

– Уверен сум дека ова не е само еднодневен ангажман, туку симболичен и суштински поттик за системски пристап кон унапредување на хигиената и односот кон животната средина во сите општини. Особено значење има тоа што денешното отворање се случува токму тука – кај Скопскиот Аквадукт – место со голема историска и културна важност, но истовремено, би рекол и ,,жртва” на долгогодишна негрижа – истакна Ѓорѓиевски.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ