понеделник, септември 7, 2026
Дома СВЕТ Снимен моментот кога украински дрон удри во станбена зграда во Русија/ВИДЕО

Снимен моментот кога украински дрон удри во станбена зграда во Русија/ВИДЕО

0
Screenshot: X

Едно лице загина, а четири се повредени во руската Пермска област откако украински напад со дронови оштети станбена зграда, објавија руските ретставници. Дмитриј Махонин, гувернер на таа руска регија, наведе во соопштението што го пренесува „РИА Новости“ дека силите за противвоздушна одбрана и мобилните огнени групи одбиле „масовен напад на непријателски дронови“.

„Во нападот е оштетена станбена зграда. За жал, едно лице загина. Според прелиминарните информации, уште четири лица се повредени и им се укажува сета потребна медицинска помош“, напиша Махонин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинските дронови со долг домет нападнале три нафтени рафинерии ширум Русија.

„Нашите војници продолжуваат праведно да одговараат на руските напади врз Украина. Нафтена рафинерија беше погодена во Рјазањската област. Нашите сили со долг домет ги нападнаа нафтените рафинерии во Пермската област и Татарстан“, наведе Зеленски во објава на социјалните мрежи, пренесува Индекс.хр.

Тој додаде дека украинските дронови погодиле и локација за лансирање и складирање на напаѓачки дронови во руската Курска област, како и „една цел“ во Црното Море, но не изнесе дополнителни детали.

Зеленски го објави ова откако извештаите на Телеграм, од кои некои содржеа геолоцирани податоци, наведоа дека украинските дронови ја погодиле рафинеријата „ЛУКОИЛ-Пермнефтеоргсинтез“, една од најголемите руски нафтени рафинерии во Перм, оддалечена повеќе од 1500 километри од Украина.

Снимките што ги објави украинскиот канал „Exilenova+“ на Телеграм наводно прикажуваат украински дронови со долг домет како летаат над Перм и чад што се издига од рафинеријата како последица на експлозиите.

ИЗДВОЕНИ