понеделник, септември 7, 2026
Дома СВЕТ ГОЛЕМА БИТКА ЗА ГРЕНЛАНД: ЕУ испраќа 200 милиони евра, Фон дер Лајен...

ГОЛЕМА БИТКА ЗА ГРЕНЛАНД: ЕУ испраќа 200 милиони евра, Фон дер Лајен му вели на Трамп „НЕ“

2

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на Гренланд најави пакет помош вреден 200 милиони евра за овој остров, кој последниве месеци се најде во центарот на вниманието на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Европа донесе одлука: да биде поприсутна и поангажирана на Гренланд и на Арктикот“, изјави Фон дер Лајен на прес-конференцијата во Нук, главниот град на Гренланд. Со ова таа ја завршува својата дводневна посета на оваа автономна територија во состав на Кралството Данска.

За време на посетата, Фон дер Лајен порача дека Гренланд треба да остане дел од европската сфера, додека, осврнувајќи се на американските амбиции, истакна дека „за иднината на Гренланд одлучуваат жителите на Гренланд и Данска. Никој друг“.

Кризата меѓу Соединетите Американски Држави и европските сојузници избувна на почетокот на годината, кога Трамп повторно почна да заговара преземање контрола врз Гренланд, при што не ја исклучуваше ни можноста за воена интервенција. Иако подоцна изјави дека нема да користи сила, тој не се откажа од желбата САД да стекнат контрола врз островот.

Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен и данската премиерка Мете Фредериксен порачаа дека на Гренланд му е потребна Европската Унија, но и дека „на ЕУ ѝ е потребен Гренланд“.

Најавените европски средства би требало да бидат насочени кон конкретни развојни проекти, посебно за унапредување на сателитските капацитети и подобрување на пристапот до интернет во северните и источните делови на Гренланд.

ИЗДВОЕНИ