петок, јуни 12, 2026
Дома КУЛТУРА „Скејтбордингот не е за девојчиња“ ја доби наградата „Нора Ефрон“ на фестивалот...

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ ја доби наградата „Нора Ефрон“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

8

„Скејтбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума, ја освои наградата „Нора Ефрон“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк, каде што ја имаше својата светска премиера.

„Нора Ефрон“ е едно од најзначајните специјални признанија на фестивалот посветено на женскиот авторски глас. Со оваа награда, фестивалот Трибека ја препозна Дина Дума како режисерка со силна визија, автентична перспектива и храбар филмски израз.

Премиерата „Скејтбордингот не е за девојчиња“ ја имаше на 25. издание на овој фестивал, што годинава се одржува од 3 до 14 јуни во Њујорк, а во рамки на Меѓународната конкуренција на играни филмови, што претставува главна натпреварувачка програма за странски филмови на овој престижен американски фестивал.

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ е втор долгометражен проект на Дума. Филмот прикажува три генерации жени од ромската заедница, кои се заглавени меѓу традицијата и современоста. Главните улоги ги толкуваат Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула, а Санела Емин, пак, е една од ретките професионални актерки во филмот. Сценариото го потпишува Дума, во соработка со Лидија Мојсовска и Теона Стругар-Митевска, директор на фотографија е Фредерик Ноaром, а продуцент Лабина Митевска. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, во продукција на „Сестри и брат Митевски“.

ИЗДВОЕНИ