EPA/ALESSANDRO DI MARCO

Јаник Синер продолжува со својата брутална доминација на Мастерс турнирот во Мајами, но – не го интересираат бројките, ниту рекордите на Новак Ѓоковиќ. Италијанскиот тенисер славеше со 2:0 во сетови, односно 7:5 и 7:6 против Алекс Микселсен со што се пласира во четвртфинале на турнирот.

Микелсен долго даваше отпор во првиот сет, а Синер успеа да направи брејк дури во 11. гем, по што сервираше за да го добие сетот со 7:5. Синер имаше лош почеток на вториот сет, при што му дозволи на Микелсен да поведе со 5:2, но Американецот не ја искористи предноста, па вториот тенисер во светот успеа да ја врати неизвесноста и потоа во тај-брејк да слави со 7:4.

На турнир полн со изненадувања, каде што Карлос Алкараз, Алекс де Минор, Феликс Оже-Алијасиме, Бен Шелтон и Даниил Медведев веќе се елиминирани, а Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети се повлекоа, Синер изгледа како машина.

Тој ги освои Париз и Индијан Велс без да загуби сет, а сега во Мајами ја продолжи серијата – вкупно 28 последователни освоени сета на турнирите Мастерс 1000, со што го сруши рекордот на Новак Ѓоковиќ. Сепак, тоа не го засега премногу.

„Многу сум среќен, но во исто време, не играм поради ова. Само сум среќен што сум тука. Ова е турнир што го пропуштив минатата година. Сè може да се случи, тенисот е непредвидлив. Се обидуваме да останеме што е можно пофокусирани, па ќе видиме што нè чека следно“, рече Синер по натпреварот.

Тој додаде дека најважно за него е да продолжи да се подобрува.

„Задоволен сум од денешното издание. Се обидуваме да бидеме подобри. Нема денови за одмор помеѓу натпреварите, се обидуваме да се опоравиме и да бидеме подготвени за следниот предизвик“, додаде Италијанецот.

 

ИЗДВОЕНИ