понеделник, јуни 15, 2026
Дома БАЛКАН Силно невреме го погоди Сараево: Ненадеен студен бран и дожд кој предизвика...

Силно невреме го погоди Сараево: Ненадеен студен бран и дожд кој предизвика сообраќаен хаос – Башчаршија целосно под вода/видео

147

Силно невреме со обилни дождови, силен ветер и град го погодија денеска Сараево, носејќи ненадеен студен бран и дожд кој предизвика сообраќаен хаос.

Како што објави Радио Сараево, поради обилните дождови, централните улици и оние во Башчаршија беа целосно под вода.

Водата се спушташе од Себиљ и се закануваше на локалните продавници додека работниците се обидуваа да ја спречат да влезе во просториите.

Возачите се соочија со тешки услови за возење, додека пешаците се обидуваа да најдат засолниште од бурата.

На некои локации, ветерот носеше полесни предмети, а гранките од дрвјата се свиваа под неговата сила.

ИЗДВОЕНИ