Од полицијата соопштија дека осомничениот на тој начин ги прекршил правилата на меѓународното право споре кои цилилното население и цивилните лица имаат заштита од опасност која произлегува од воени операции и не смеат да бидат мета на напади.
Според сомневањето на истражителите, осомничениот, како припадник на воената полиција во состав на војската на Република Српска, ја отклучил просторијата во која бил затворен оштетениот, по што физички го злоупотребувал. По неговото ослободување, му упатил сериозни закани.
По спроведената криминалистичка обработка, осомничениот е предаден во притвор, а до Окружното државно обвинителство во Риека е доставено дополнување на кривичната пријава.












