понеделник, јуни 15, 2026
Дома БАЛКАН Ердоган изрази надеж дека договорот меѓу САД и Иран ќе доведе до...

Ердоган изрази надеж дека договорот меѓу САД и Иран ќе доведе до траен мир во регионот

14
Фото: EPA/NECATI SAVAS

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека постигнатиот договор меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран „целосно ќе го отвори патот за воспоставување траен мир и стабилност во нашиот регион“.

„Направен е голем чекор во војната што започна на 28 февруари по израелските провокации, дозволувајќи му на овој напнат регион да воздивне со олеснување“, додаде Реџеп Таип Ердоган, зборувајќи за турските медиуми по владиниот состанок во Анкара.

САД и Иран постигнаа мировен договор на Блискиот Исток, а потпишувањето се очекува на 19 јуни во Швајцарија, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ