петок, јули 24, 2026
Дома БАЛКАН Силен земјотрес во Австрија почувствуван и во Словенија

Силен земјотрес во Австрија почувствуван и во Словенија

0

Австрија беше потресена од земјотрес со магнитуда од 4,5 степени синоќа во 1:59 часот, со епицентар во областа Семеринг. Потресот предизвика помала материјална штета и одрони од камења, а беше почувствуван во делови од Австрија и Словенија.

Австриските власти добија голем број пријави од граѓани.

Епицентарот на земјотресот беше лоциран на длабочина од четири километри. Австриската геолошка служба Геосфера Австрија објави голем број пријави од граѓани во источниот дел на Долна Австрија и Штаерска. Според весникот „Кронен Цајтунг“, мал потрес на земјата е почувствуван и во Виена.

Земјотресот предизвика и помала материјална штета. Пожарникарите мораа да интервенираат на патот помеѓу Шотвен и Брајтенштајн, каде што неколку камења паднаа на патот.

Земјотресот го регистрираа и сеизмографи од словенечката агенција за животна средина Арсо. Според нивните податоци, потресот го почувствувале жителите на северозападна Словенија. Агенцијата проценува дека интензитетот на земјотресот на словенечко тло не го надминал третиот степен на магнитуда на европската макросеизмичка скала.

ИЗДВОЕНИ