Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поинтензивни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
На места се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина над 50 километри на час.
Дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места може да бидат пообилни. Во делови од котлината се можни поројни врнежи, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне 26 степени.












