Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди Гранада денес, при што три лица се полесно повредени, а едно од нив е хоспитализирано. Националниот географски институт (IGN) го регистрираше земјотресот кратко по 10:30 часот наутро, со епицентар во општината Гохар, во близина на Аљенде, на мала длабочина, објави Паис.
По земјотресот следеа неколку последователни потреси, вклучувајќи неколку со јачина од четири или повеќе степени според Рихтеровата скала. Поради земјотресот и последователните потреси, метрото во Гранада ја намали брзината на возовите на 30 километри на час, а полицијата ги повика граѓаните да останат смирени и да избегнуваат престој во близина на згради поради ризик од паѓање на остатоци.
📣📣 Nuevo seismo en #granada españa, van como 3 seguidos! pic.twitter.com/JZDB9dRyQ8
— Actualidad_world (@WorldActualidad) August 18, 2026
Администрацијата на Алхамбра превентивно ги евакуираше палатите Насрид и Алказабата и ги суспендираше посетите на овие места додека се процени ситуацијата.
🇪🇸 Granada, España | 🔴 AHORA: Un terremoto de magnitud 4,7 acaba de sacudir la provincia de Granada a las 10:37, con epicentro en Gójar. pic.twitter.com/opAxx9YxN3
— 𝐄𝐥 𝐈𝐦𝐩𝐞𝐫𝐢𝐚𝐥 (@ElImperialEsp) August 18, 2026
Покраинскиот совет на Гранада, исто така, ги затвори своите административни згради, музеи и спортски комплекс за јавноста како мерка на претпазливост.












