сабота, јуни 27, 2026
Дома СВЕТ Силен земјотрес ја погоди Јапонија во текот на ноќта: Сообраќајот во прекин,...

Силен земјотрес ја погоди Јапонија во текот на ноќта: Сообраќајот во прекин, има повредени/ВИДЕО

53

Најмалку 10 лица се здобиле со полесни повреди во земјотрес со јачина од 5,6 степени што ја погоди областа во близина на планината Фуџи во централна Јапонија во текот на ноќта, објавија јапонските власти утрово.

Земјотресот е регистриран околу 22:28 часот и ги погодил централните и источните делови на земјата, вклучувајќи ја и пошироката област на Токио, објави Кјодо.

Интензитет од шест степени на јапонската сеизмичка скала од седум степени е регистриран во делови од префектурата Јаманаши.

Според Јапонската метеоролошка агенција, земјотрес со таков интензитет последен пат е регистриран во префектурата Јаманаши во 1924 година, а земјотресот не е поврзан со вулканска активност на планината Фуџи.

Услугата на брзата железничка линија Токаидо Шинкансен беше привремено прекината помеѓу станиците Токио и Шизуока веднаш по земјотресот, но беше продолжена рано наутро во саботата.

Железничкиот оператор JR Central изјави дека прекинот на услугата влијаел на приближно 22.000 патници.

ИЗДВОЕНИ