ретседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека во минатото често сме преферирале уставен релативизам, па дури и уставен нихилизам, осврнувајќи се на барањето од преговарачката рамка да бидат вметнати Бугарите во Уставот.
Вели дека треба да се залагаме за уставен патриотизам.
„Несоодветно се однесуваме кон законот на законите. Доказ? Тоа се 36 амандмани, најголем дел од нив иницирани од надвор. Прашањето е сега дали суверенитетот, при промените на Уставот, имавме предвид дека извира од граѓаните и им припаѓа ним, бидејќи обично сите преамбули ова го изразуваат и со првата реченица од преамбулата ‘Ние, народот…’ итн., ‘Ние, народот и меѓународната заедница’ или ‘Ние, народот и Европската унија’, или… Јас припаѓам на групата конституционалисти кои кога ги читаат темелните извори или уставните извори на Европската унија, ги читаат не само низ очите на членките на ЕУ, туку и низ очите на кандидатите, сметаат дека тие треба европеизирани да отвораат поглавја, кластери или да бидат веќе со европски капацитет кога ќе влезат внатре“, вели таа.
Претседателката нагласува:
„Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не губејќи го времето на решавање на историски прашања, бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот дека ќе се почитуваа националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата“.












