четврток, август 13, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сиљановска Давкова: Градоначалникот на Струга води локална политика што обединува

Сиљановска Давкова: Градоначалникот на Струга води локална политика што обединува

0

Симболично, денеска, на 25 годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, ја посетив Струга и разговарав со градоначалникот Менди Ќура, независен кандидат, поддржан од стружани со различна партиска, етничка и верска припадност. Тој има шанса да води локална политика што обединува, водејќи сметка за сите граѓани. Ме запозна со тековните активности, но и со најголемите предизвици, напиша претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

-Особено важно е во следните пет години да ја искористиме довербата и шансата што ни ја даде УНЕСКО.

Разговорот со градоначалникот Ќура и со претседателот на Советот на Општината, Мите Стефоски, ме уверува во нивната подготвеност за решавање на реалните проблеми на граѓаните, како и за преземање сериозни мерки за отстранување на заканите за природното и културно наследство под заштита на УНЕСКО.

Струга, Охрид, Охридското Езеро и регионот се наше заедничко богатство и ја заслужуваат, како локалната, така и државна посветеност и грижа, вели претседателката.

ИЗДВОЕНИ