Голем пожар избувна денеска во областа на Сивири и Фурка на Халкидики, а поради брзото ширење на огнот грчките власти издадоа повеќе пораки преку системот 112 за евакуација на населението и посетителите.
Пожарот избувнал во ниска вегетација, но силниот ветер придонел за негово брзо ширење. Според најновите информации од грчките медиуми, пламените јазици стигнале до првите куќи во Сивири, а има и информации за изгорени објекти.
Пожарникарските сили дополнително се засилени. Во гаснењето учествуваат околу 125 пожарникари, три пешадиски групи и 41 возило, додека од воздух дејствуваат повеќе противпожарни летала.
Преку системот 112 се испратени повеќе пораки. На лицата во Сивири најпрво им било наложено да се оддалечат кон Мола Калива, додека жителите и посетителите во Фурка биле повикани да се упатат кон Скиони. Потоа следела и порака за оддалечување од Сивири кон Касандрија.
View this post on Instagram












