сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Си Џинпинг повика на отворање на Ормускиот теснец и прекин на огнот...

Си Џинпинг повика на отворање на Ормускиот теснец и прекин на огнот на Блискиот Исток

32
EPA/Iori Sagisawa / POOL

Кинескиот претседател Си Џинпинг порача дека треба да се одржува „нормален сообраќај“ низ Ормутскиот теснец. Си вчера разговарал телефонски со престолонаследникот и премиерот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауд.

Во врска со моменталната ситуација на Блискиот Исток и заливскиот регион, претседателот Си нагласи дека Кина повикува на итен и сеопфатен прекин на огнот, ги поддржува сите напори што придонесуваат за враќање на мирот и се залага за решавање на споровите преку политички и дипломатски средства.

Во Ормутскиот теснец треба да се одржува нормален премин, бидејќи тоа им служи на заедничките интереси на земјите од регионот и на меѓународната заедница. Кина ги поддржува земјите од регионот во градењето добрососедска заедница, развој, безбедност и соработка, држејќи ја својата иднина во свои раце и промовирајќи траен мир и безбедност.

ИЗДВОЕНИ