Швајнштајгер тајно снимен како бакнува русокоса и ужива во егзотична дестинација/ВИДЕО

597
EPA/JENS KALAENE

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер и понатаму се главната приказна на медиумите, кои неодамна објавија нов дел од приказната за нивниот развод. Приказната за нивната разделба трае веќе подолго време, но ниту Ана ниту Бастијан се уште немаат дадено официјална изјава.

Се венчаа во 2016 година на бајковита церемонија во Венеција, а со години важеа за идеална комбинација – спорт, елеганција, стабилност, семејство.

Сепак, се чини дека на нивниот брак му нема спас, бидејќи Швајнштајгер прво беше фотографиран, а потоа снимен како се бакнува на плажа со новата русокоса девојка, а сето тоа во јавноста го објави германски „Билд“. Автор на текстот е заменик-главниот уредник на „Билд“ Тања Меј, која ја објави и сторијата.

Ана Ивановиќ се уште не се изјаснила за оваа работа, а дали ќе го направи тоа останува да видиме.

„Покрај тоа, фудбалерот и коментатор на АРД веќе има нова девојка. Очевидците го опишуваат како заљубен маж кој се држи за рака со неа на јавни места. БИЛД има ексклузивни фотографии, направени во вторникот на популарната плажа во Мајорка, на само неколку километри од имотот со тениско игралиште и базен, каде што Ана живее со нивниот 7,6 годишен син, тврдат од „Билд“.

Како што љубовта на Ана и Бастијан се роди јавно пред речиси една деценија, на УС Опен во 2014 година, сега нивното потенцијално разидување станува тема што сите ја коментираат, со иста количина на емоции, тага и неверување.

Заедно имаат три деца – Лука, Леон и Тео, а Ана моментално живее во Белград, додека Бастијан најчесто се занимава со бизнис во Минхен.

ИЗДВОЕНИ