Џанмарко Поцеко е пред заминување од Галатасарај, и тоа по помалку од еден месец по почетокот на кошаркарската сезона. Според „Јурохапс“, повикувајќи се на новинарот Семих Туна, соработката меѓу италијанскиот тренер и турскиот клуб наскоро ќе биде прекината.
Одлучувачки бил домашниот пораз од Бурсаспор со 88:93. Претходно, Галатасарај загуби и од Пинар Каршијака (71:78), додека единствената победа во домашното првенство ја оствари против Чагдаш Бодрумспор (102:79).
Дополнителен удар беше и убедливиот пораз од Цибона во Загреб со 76:96, на отворањето на сезоната во ФИБА Лигата на шампионите.
Турскиот тим сега го очекува тешко гостување кај вицешампионот Бешикташ, но останува да се види дали ќе ја добие Поцеко шансата да го предводи тимот и на тој натпревар.











