epa11727516 (FILE) - Ukraine's President Volodymyr Zelensky, attends a meeting of the Ukraine Defense Contact Group ahead of a two-day NATO Defense Ministers Council at the alliance headquarters in Brussels, Belgium, 11 October 2023 (reissued 18 November 2024). Ukrainian President Zelensky is expected to address the European Parliament (EP) from Kyiv on 19 November 2024, in an extraordinary plenary session marking 1,000 days of Russia's full-scale invasion of Ukraine, which began on 24 February 2022. EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS / POOL

Украинската влада го објави текстот на меморандумот за Договорот за економско партнерство што земјата го потпиша со Соединетите Американски Држави, пренесе Укринформ.

Како што е наведено, меморандумот предвидува дека САД ќе ги почитуваат обврските на Украина во врска со пристапувањето во Европската унија или договорите со меѓународните финансиски институции и другите официјални кредитори, односно дека договорот за економско партнерство не може да го загрози европскиот пат на Украина.

На веб-страницата на владата на Украина е забележано дека „двете страни го препознаваат придонесот на Украина за зајакнување на меѓународниот мир и безбедност преку доброволно напуштање на третиот најголем арсенал на нуклеарно оружје во светот“.

Во владиното соопштение се додава дека меморандумот „ја потврдува желбата на американскиот народ да инвестира заедно со украинскиот народ во слободна, суверена и безбедна Украина“.

Претходно, министерот за економија на Украина објави дека Украина и САД потпишале меморандум за намери за ретки минерали што го отвора патот за целосен договор за клучните украински минерали и повоената реконструкција на Украина.

Таа на платформата Х напиша дека меморандумот е потпишан во четвртокот.

Свириденко изјави дека меморандумот детално ја објаснува американската поддршка за „слободна, суверена и безбедна Украина“, како што е формирањето на инвестициски фонд за обнова на Украина.

Доаѓа финализирање на текстот на договорот и неговото потпишување, а потоа и ратификација во парламентите“, рече Свириденко, наведувајќи дека „останува уште многу да се направи“.

Американскиот претседател Доналд Трамп сака, врз основа на договорот со Украина, САД да профитираат од огромните украински резерви на клучни елементи и минерали, од литиум до титаниум, што тој го смета за компензација за помошта што Вашингтон му ја испрати на Киев од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, објави Политико.

За време на состанокот со италијанскиот премиер Џорџa Мелони во Белата куќа во четвртокот, Трамп рече дека САД и Украина би можеле да потпишат договор за минерали веќе следниот четврток, 24 април.

„Претпоставувам дека (Украина) ќе го исполни договорот“, рече Трамп.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно одби да се согласи на договор со САД за украинските минерали.

ИЗДВОЕНИ