ЕPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, пристигна во Кина, каде што ќе се натпреварува на турнирот во Пекинг, а за време на својот прв тренинг пред публиката доживеа непријатна ситуација.

По тренингот, српскиот тенисер им се приближи на навивачите за да им даде автограми, а во еден момент еден од гледачите, кој не успеа да стигне до првиот ред, ја фрли капата кон Ѓоковиќ.

Капата го погоди Ѓоковиќ директно во главата. Српскиот тенисер беше изненаден, но не реагираше бурно, туку го насочи погледот кон лицето кое го фрли предметот. Неговата соработничка Карли Гомез Ерера веднаш реагираше и им покажа на безбедносните лица на кого да обрнат внимание, по што тоа лице беше отстрането од теренот.

Ѓоковиќ потоа продолжи да дава автограми, а инцидентот не се претвори во посериозен проблем. Србинот последен пат играше во кинеската престолнина во 2015 година, кога го победи Рафаел Надал во финалето. Оваа година, тој ќе го игра првиот натпревар против Португалецот Нуно Борхес, а Ѓоковиќ е шести носител на турнирот.

Ѓоковиќ имаше слична ситуација пред две години на турнирот во Рим, кога исто така беше погоден со шише во главата додека тој даваше автограми по победата против Французинот Корентин Муте.

Ѓоковиќ традиционално даваше автограми кога го напушташе теренот кога алуминиумско шише го удри во главата од трибините, а тој заврши на земја и му беше укажана помош.

Потоа мораше да помине лекарски преглед, имаше вртоглавица и исеченица, а споменатото шише случајно падна од ранецот на дете кое сакаше да добие автограм.

ИЗДВОЕНИ