недела, јуни 28, 2026
Дома СВЕТ Шредер не може да биде посредник за Украина, но Штајнмаер да!

Шредер не може да биде посредник за Украина, но Штајнмаер да!

168
EPA/Matthias Schrader

По изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, кој го спомена поранешниот канцелар Герхард Шредер како можен посредник за мир, Германија го разгледува претседателот Франк-Валтер Штајнмаер како потенцијален преговарач, објави денес „Дер Шпигел“, повикувајќи се на извори во владејачката коалиција.

Весникот наведува дека Шредер „не изгледа способен сам да преземе толку голема задача“, но „преговарачки дуо“ од Шредер и Штајнмаер „би била интересна идеја“.

Мандатот на Штајнмаер како сојузен претседател завршува, а неговиот наследник ќе биде избран на 30 јануари 2027 година.

Британскиот весник „Фајненшл тајмс“ на 7 мај објави дека, соочени со недостатокот на напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина, лидерите на ЕУ размислуваат да започнат свои разговори со Путин.

Ројтерс денес објави дека германската влада го отфрлила предлогот на рускиот претседател да го вклучи поранешниот канцелар Шредер како медијатор за да се стави крај на војната на Русија во Украина.

Извори од германската влада изјавија дека „пријателот на Путин едноставно не може да биде медијатор“ и дека е важно Украина прво да го прифати медијаторот.

Канцеларијата на Герхард Шредер одби да коментира за предлогот на Путин.

Шредер, социјалдемократ кој сега има 82 години, беше на власт од 1998 до 2005 година и е силен поддржувач на Путин веќе 20 години.

Путин верува дека украинскиот конфликт е при крај и откри кого од ЕУ претпочита за разговори

ИЗДВОЕНИ