Народната банка, во соработка со Европската инвестициска банка (ЕИБ), надлежните министерства и институции, почнува со изработка на зелената национална таксономија. Станува збор за систем со кој ќе се утврдува кои економски активности придонесуваат за заштитата на животната средина и одржливиот развој.

Според гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, таксономијата ќе им помогне на инвеститорите, компаниите и на банките полесно да ги препознаваат зелените активности и да ги насочуваат средствата кон економија со ниски емисии на јаглерод.

Од Народната банка и од ЕИБ очекуваат новиот систем да ја зголеми транспарентноста, да спречи „гринвошинг“ и да поттикне развој на зелени финансиски производи.

Таксономијата постепено ќе се усогласува со европските регулативи и ќе биде приспособена на условите на македонската економија.

 

ИЗДВОЕНИ