Наградата за најслушана песна меѓу двата фестивали ја освои Раде Младеновски, за песната „Ракија”, композиција потпишана од хитмејкерите Ристо Самарџиев и Цане Петров. Наградата за трајни вредности ѝ припадна на популарната Ленче Дедејче-Кукиќ, за популаризација на македонската народна шеговита песна и за самата промоција на фестивалот „Тумба-фест”, музички настан кој е заштитен знак на градот

 

Во организација на Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство – „Етно ризница” Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и самата Општина, имавме можност да ги проследиме 16 фестивалски рефрени, напишани на повеќе дијалекти од македонското поднебје, во изведба на музички уметници од Македонија, но и од странство. Меѓу нив и: Ленче Кукиќ, Ташко Каранфиловски со „Астра бенд”, Нино Величковски, Катерина Мицанова, Марјан Драгиќ, Катерина Брезева со „Соната”, Матео Шваст, групата „Савршен дан”, Боби Амадеус и Татјана Јовановска, Василија Петрова, Јованка Јо, Круме Спасовски, Владо Дојчиновски, Виктор Димитриевски, Борче Наумовски – министерот, Мишко Микеле Србиновски, Кире Науновски, Сашо Трајковски и Вукица Челебиева.

Сите беа победници, на сите учесници и медиумски покровители, меѓу кои и весникот ВЕЧЕР и порталот vecer.press, им беа доделени благодарници за нивната долгогодишна посветеност на овој специфичен фестивал.

Наградата за најслушана песна меѓу двата фестивала ја освои Раде Младеновски, за песната „Ракија”, композиција потпишана од хитмејкерите Ристо Самарџиев и Цане Петров.


Наградата за трајни вредности ѝ припадна на популарната Ленче Дедејче-Кукиќ, за популаризација на македонската народна шеговита песна и за самата промоција на фестивалот „Тумба-фест”, музички настан кој е заштитен знак на градот Куманово.

Така што, и оваа година, народот традиционално ќе се весели и ќе се дружи пеејќи ги песните со шеговити содржини. А, инаку, по официјалниот дел, сите учесници продолжија со песна и добро расположение да се дружат во познатото „Етно село“ кај газда Горан. (Д. М.)

 

Легенда:

  1. Раде Младеновски
  2. Матео Шваст

ИЗДВОЕНИ