Американската тенисерка Серена Вилијамс планира да игра натпревари во поединечна конкуренција за подобро да се подготви за евентуално враќање на Отвореното првенство на САД.
Вилијамс се врати на теренот минатиот месец, по пауза од речиси четири години и играше во двојки во Квинс со Канаѓанката Викторија Мбоко и во Берлин со Чехинката Каролина Мухова.
Таа доби посебна покана од организаторите на Вимблдон да учествува во поединечна конкуренција, како и во двојки, заедно со својата постара сестра, Венус.
Освојувачката на 23 титули од гренд слем турнирите загуби во првото коло, по три сета, од Австралијката Маја Џоинт, натпревар на кој го повреди коленото, па не можеше да игра во двојки.
Отвореното првенство на САД почнува на 23 август во Њујорк, а една од најдобрите тенисерки на сите времиња, 44-годишната Вилијамс, сака да игра натпревари за да се подготви за гренд слемот, бидејќи се очекува да добие посебна покана ако закрепне од повредата.
– Таа сака да се обиде да продолжи. Сè зависи од неа. Сега проценуваме сè што сака да направи. Има многу работи што треба да ги земе предвид: нејзиното семејство, нејзините работни места… Но, нејзината цел е да продолжи. Видовме колку добро може да сервира, колку добро може да ја удира топката. Да имаше уште неколку натпревари, можеби ѝ помогнеше, но сакаше да го направи тоа во двојки. Целосно зависи од неа и од тоа како се чувствува физички, знаеме дека мора да се смири коленото. Но, знам дека ќе сака да игра нешто пред Отвореното првенство на САД – рече Рене Стабс, жената што ја тренира Серена Вилијамс, објави „Скај“.
Во август, пред Отвореното првенство на САД, ќе се играат два турнири од серијата 1000, во Торонто и во Синсинати.












