Американските тенисерки Серена и Венус Вилијамс добија посебна покана да настапат во женски двојки на турнирот во Синсинати, објави Би-би-си. Ова ќе биде нивно прво заедничко учество во двојки од Отвореното првенство на САД во 2022 година. Тие требаше да играат заедно на годинашниот Вимблдон, но Серена се откажа поради повреда на коленото што ја доби при враќањето во поединечна конкуренција.
Турнирот во Синсинати, кој ќе се игра од 11 до 23 август, би можел да биде претходница за враќањето на Серена на Отвореното првенство на САД, каде што повторно би можела да се натпреварува во поединечна конкуренција.
Серена Вилијамс (44) има освоено 23 титули од гренд слем во поединечна конкуренција и е само еден трофеј помалку од апсолутниот рекорд од 24, кој го делат Маргарет Корт и Новак Ѓоковиќ. Заедно, сестрите Вилијамс освоија 14 титули од гренд слемите во двојки, како и три златни олимписки медали.
Венус Вилијамс (46) доби посебна покана за главната ждрепка на турнирот во поединечна конкуренција.












