среда, август 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Не се гледа крајот на топлотниот бран – жешко дење, a и...

Не се гледа крајот на топлотниот бран – жешко дење, a и ноќите без разладување

0

УХМР издаде метео предупредување за денеска, на територијата на цела Македонија. Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 33 и 40 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време, проследено со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува 16 степени, а максималната ќе достигне до 39 степени.

ИЗДВОЕНИ